ФОТО НА ДЕНОТ: Кога Хуан Фелипе ќе полета, нема приземјување за Вардар!

Кога Вардар го има Бразилецот Хуан Фелипе во своите редови, тогаш не мора да стравува за победите. Па, ниту на големите дерби пресметки со Шкендија.

Фелипе мајсторски „полета“ и на денешната пресметка во Скопје партиципирајќи со два гола во победата од 3-1 против тетовци. Посебно за паметење е третиот гол, во негов стил, од слободен удар. Кога Фелипе ќе полета, тогаш никој не може да го приземји Вардар!

Се вчитува...