Милан Лазаревски по навиика ги прославува најголемите победи на Вардар качувајќи се на трибината каде се наоѓаат најверните „Комити“, навика што одличниот пивот ја продолжи и вечерва во Струмица, по триумфот во финалето од Купот на Македонија.
Прославата почна пред трибината на „Комити“, за Лазаревски за момент да ја прескокне оградата и да се качи меѓу поддржувачите на „црвено-црните“, заедно гласно пеејќи ги добро познатите навивачки песни.

Со таков став, карактер и безусловна љубов и почит кон сите што го претставуваат Вардар, јасно е зошто популарниот „Мечка“ е „икона“ на „црвено-црното семејство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
