Барселона го декласира Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-3 и се пласира во шестото последовно финале во Купот на Шпанија. Каталонскиот тим ги казни промашувањата на „кралевите“ и во второто полувреме делуваше незадржливо. Оваа фотографија можеби е најдобар приказ за случувањата на теренот по одморот.
Лука Модриќ сфати дека Лионел Меси е незадржив, а во полн сјај блесна и Луис Суарез кој буквално ја растури одбраната на Реал Мадрид. Тој постигна два гола и го принуди Рафаел Варан да си даде автогол за конечни 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА