Фото на денот: МЗТ Скопје – шампион

МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата на македонската кошаркарска сцена, со деветта титула во последните десет сезони во мак-баскетот. Аеродромци одиграа извонредно во последните два и пол месеци, доминираа во Супер-лигата, а потоа во плејофот со пет победи и само еден пораз ја одбранија ланската титула.

Александар Петровиќ го оствари она што го најави при враќањето во МЗТ – влез во АБА1 и освојување на шампионскиот трофеј.

Се вчитува...