ФОТО НА ДЕНОТ: МЗТ во шок: Што се случи, кој да знае…

Кошаркарите на МЗТ Скопје беа во шок по завршувањето на мечот со Фени индустри. Избраниците на Анте Назор ни самите не беа свесни што им се случи, откако прокоцкаа предност од четири поени за 24 секунди, па го загубија трофејот во Купот на Македонија, пропуштајќи ја можноста да стигнат до деветтиот пехар и да се израмнат со Работнички како најтрфејни во ова натпреварување.

По тројката на Симоновски се чинеше дека се е готово, дека утре ќе се гледа реприза од ланското финале, но тогаш… што се случи, кој да знае.

Се вчитува...