ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид има гордост, Македонија има нова убава ракометна приказна!

Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историја и се пласираа во финалето на ЕХФ купот откако вечерва по изведување на пенали беа подобри од словенечкиот великан Целје Пивоварна Лашко.

Ѓукиќ беше прецизен во последната серија, а Махуц го промаши целиот гол за големо славје на македонскиот тим. По што следуваше големо славје во „Билјани извори“.

Охрид има ракометари на кои мора да е горд, додека Македонија доби нова убава ракометна призна!

 

Се вчитува...