ФОТО НА ДЕНОТ: Трифун Костовски сака второлигашки фудбал

На второлигашкото дерби во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Велазерими (2-0) беа присутни голем број познати фудбалски фаци, но и спортски мецени. Во ложата беше присутен и Трифун Костовски, поранешниот сопственик на ФК Работнички Кометал, и на женскиот ракометен европски прак Кометал Ѓорче Петров. Исто така, во еден период го предвоеше и најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар. Тој го гледаше мечот во друштво на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Македонија ЃП заслужено го доби дербито со 2-0, со головите на Иван Настевски во 63.минута и на Боби Божиновски во 75.минута.

 

Се вчитува...