ФОТО НА ДЕНОТ: Вардар со нов трофеј во витрините

Ракометарите на Вардар ја продолжија „жетвата на трофеи“ на домашната сцена со освоениот трофеј во Купот на Македонија, вкупно 14. во клупската историја на „црвено-црните“.

Откако пред две сезони се „лизнаа“ во Куманово против Металург, овојпат „вардарци“ беа на висина на задачата, по голема битка славејќи над Еурофарм Пелистер. Битолчани покажаа карактер, опасно се приближија на „минус еден“, но „вардарци“ беа доволно искусни за да го издржат последниот налет на противникот.

Капитенот Стоилов препушти пехарот прв да го крене Иван Чупиќ, кој летово ги напушта „црвено-црните“ и се сели во редовите на Загреб. Токму Чупиќ беше избран за МВП на завршниот турнир, а најдобар стрелец е Јосип Периќ од редовите на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...