ФОТО: Се собраа „Златните Французи“ – Зидан, Турам, Блан…

Златната генерација на Франција се собраа да се потсетат на славните свои денови како дел од одбележувањето на 20-годишнината од триумфот на Мундијалот 1998.

Франција предводена од Зинедин Зидан тогаш во финалето славеше против Бразил, а токму поранешниот тренер на Реал Мадрид постигна два прекрасни гола против „кариоките“. Во полуфиналето, пак, претходно Франција славеше против Хрватска со два погодоци на Лилијан Турам.

Сега, и Зидан и Турам, заедно со Блан, Карембу и останатите беа тука да се потсетат на тие летни денови од 1998 година… Барем на фотографијата недостасуваат уште бројни ѕвезди од тоа време, како Јури Џоркаеф, Тјери Анри, Давид Трезеге, Патрик Виера, Фабијан Бартез…

Се вчитува...