ФОТО: Шампионско славје во Штип – посебно признание за Влатко Костов!

Брегалница повторно со враќа во домашната фудбалска елита, откако сосема заслужено изминатава сезона го освои првото место во едно од најнеизвесните второлигашки натпреварувања во последнава декада.

Па, штипјани денеска, и преку убедливата победа од 7-0 против прилепска Победа, пред своите навивачи го подигнаа шампионскиот трофеј во Втората лига за сезона 2025/26.

А, посебно признание доби и шефот на стручниот штаб на Брегалница, Влатко Костов, за кого ова е шестти пат во тренерската кариера како успева да трасира пат на една екипа во македонското натпреварување од Втората во Првата лига.

Се вчитува...