ФОТО: Шкупи замина за Анталија, договорен тест со Зенит

Експедицијата на ФК Шкупи вечерва од скопскиот аеродром замина за Анталија каде што ќе мине три недели на подготовки во најпознатиот турски туристички центар.

Чаирчани договорија и три пријателски средби во Анталија и тоа против рускиот гигант Зенит од Санкт Петербург на 26. јануари, како и против Ахмат Грозни на 28. јануари и украински Лвов на 31. јануари.

Се вчитува...