ФОТО: Табелата во Бундеслигата не памети ваква „дисциплина“

Викендов се одигра 11. коло во германската Бундеслига, во која Унион Берлин и натаму остана на врвот на табелата и покрај поразот од Бохум. Сега Баерн му „дише“ во врат на лидерот откако го совлада Хофенхајм. Изненадување е и пласманот на Фрајбург во првите три екипи, а меѓу топ 5 се врати Борусија Дортмунд со „петардата“ над Штутгарт.

Табелата после 11 кола во Германија никогаш не изгледала вака. Од првото до осмото место секој тим има предност од само еден бод. Така Унион има 23 бодови, Баерн Минхен 22, Фрајбург 21… и така натаму се до Лајпциг кој има 16.

„Твитерџиите“ се пошегуваа велејќи дека германската дисциплина се гледа дури и по табелата во Бундеслигата. Ситуацијата е речиси индентична и на дното. Шалке на последното место има шест, пред нив Бохум седум, а потоа Штутгарт има осум бодови, додека Баер Леверкузен изненадувачки има девет бода на 15. место.

Се вчитува...