ФОТО-ВЕСТ: ФФМ го постави Пандев на плоштад Македонија

Промовирајќи ги активностите за првиот историски настап на европско првенство за сениорската репрезентација, Фудбалската федерација на Македонија како еден вид и финален повик за поддршка на националниот тим го постави капитенот Горан Пандев на плоштад Македонија.

Пандев ќе го краси плоштадот во главниот град во текот на одржувањето на ЕВРО 2020 и како еден вид благодарност на цела Македонија за неговиот допринос во репрезентативниот дрес сите изминати години.

Горан Пандев е убедливо најдобриот македонски репрезентативец во историјата со 118 настапи во националниот дрес и 37 постигнати погодоци досега.

Се вчитува...