ФОТОГАЛЕРИЈА: Алкалоид слави за испишаната историја

Алкалоид во својата дебитантска сезона во европските натпреварувања се израдува на првата победа во Европската лига на ЕХФ, земајќи го скалпот на шпанска Ла Риоха, поранешниот долгогодишен учесник во Лигата на Шампионите.

Кире Лазаров и неговите избраници имаат за што да слават, во текот на целата групна фаза имаа моменти на подеми и падови, но вечерва одиграа најдобро кога беше најважно, па во завршницата покажаа и карактер и квалитет, стигнувајќи до толку посакуваниот триумф.

А нема сомнеж дека оваа победа ќе биде само потстрек за уште понапорна работа, мотив за уште поголеми успеси во иднина…

Се вчитува...