ФОТОГАЛЕРИЈА: Бројни фудбалски личности на отворањето на новиот капитален објект на ФФМ!

Македонскиот фудбал доби нов капитален објект од огромно значење за условите за работа на најмладите наши фудбалски генерации. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и техничкиот директор на ФИФА, Марко Ван Бастен го збогатија денешниот настан на кој присуствуваа и голем број домашни фудбалски личности, меѓу кои и поранешниот наши репрезентативци Николче Новески, Јане Николоски, Срѓан Захариевски, Арџент Беќири…, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, македонските селектори Игор Ангеловски и Благоја Милевски… , истакнати домашни легенди Кирил Дојчиновски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Кочо Димитровски, Благоја Истатов…, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, советникот на претседателот на Владата на РМ за спорт, Даниел Димевски како и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Новиот објект на ФФМ официјално беше отворен од Чеферин, Ван Бастен, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев.

 

Се вчитува...