ФОТОГАЛЕРИЈА: Доктор Бесарт ги пречека со „стрес-тест“ гостите од Велс!

Во стилот како ја заврши минатата сезона на домашната сцена, така Бесарт Ибраими ја отвори новата сезона на европската сцена.

Феноменална партија на „доктор Бесарт“ кој со четири гола, од кои два вистинско ремек-дело, им приреди „стрес-тест“ на гостите од Велс. Шампионот на Велс, ТНС со пет гола во својата мрежа се враќа дома.

Шкендија, без сомнение, е речиси сигурен патник за второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. И тоа секако благодарение само на фудбалскиот доктор – Бесарт Ибраими!

 

Се вчитува...