ФОТОГАЛЕРИЈА: Ех, да беше Блокотехна комплетна…

ЕКИПА во Самоков, Бугарија

Стеван Цаневски, Роберт Спасовски

Малку фалеше за Блокотехна уште повеќе да ја разубави својата дебитантска сезона, со пласман во финалето од БИБЛ-лигата.

Одличната прва четвртина воопшто не беше случајна, Илиевски на сличен начин ја доби битката со Папазов во Гевгелија пред неколку месеци, но овојпат недостигаше само малку среќа. И малку повеќе здравје – за Блокотехна да настапи комплетна на овој Ф4 турнир. Малерите што ја следат оваа екипа цела сезона, почнувајќи од повредите на Цветковски и на Мелори, се интензивираа токму пред овој Фајналфор, па Илиевски речиси и да не можеше да смета на Бенџамин и на Ѓуроски, двајца многу значајни кошаркари во ротацијата.

И со таков ослабен тим македонскиот претставник одлично се држеше, но немаше сили да го издржи темпото до самиот финиш. Останува утре да се освои „бронзата“ на ова фајналфор, како мала сатисфакција во Самоков, но и потстрек за уште подобри игри и резултати во иднина на амбициозниот состав од Гевгелија.

 

Се вчитува...