ФОТОГАЛЕРИЈА: Хероите го почувствуваа „Миејски“ во Гдиња!

Македонските репрезентативци го одработија и официјалниот тренинг на стадионот „Миејски“ во Гдиња каде утре од 20:45 часот против Шпанија го играме првиот натпревар во Групата Б од Европското првенство во Полска.

Избраниците на Благоја Милевски го почувствуваа онака првично теренот на „Миејски“, првиот стадион во Полска кој има специфичен заштитен систем за терен од неповолни временски услови.

[new_royalslider id=”689″]

Капацитетот на „Миејски“, стадионот на кој игра полскиот прволигаш Арка, е од 15.139 седишта. Домаќините очекуваат на утрешниот натпревар меѓу Шпанија и Македонија да присуствуваат околу 10.000 гледачи.

mkd vo gdinja

Се вчитува...