Македонската репрезентација го имаше сигурно едно од најбледите свои изданија на домашен терен во Скопје во последните пет години, и покрај фактот дека против себе, пак, имаше и една моќна репрезентација како Швајцарија.
И факт е дека не е проблем поразот и моќта на Швајцарија, толку колку што за нас веќе сериозен проблем е немоќта на нашиот национален тим кој вечерва запиша негативен историски рекорд, со пет натпревари по ред без постигнат погодок.
Поголем проблем од оние 0-3, без сомнение е фактот дека Македонија вечерва на „Тодор Проески“ немаше за 90 минути ниту една креирана шанса кон противничкиот гол, без буквално ниту еден шут во рамките на голот на Швајцарците.
Тоа е проблем со кој селекторот Гоце Седлоски ќе мора да се соочи веќе за следниот натпревар против Словенија на гости, каде неизбежно неопходно ќе е да се поправи впечатокот од овој дуел со Швајцарија, за помирно потоа враќање повторно пред домашната публика…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА










































