ФОТОГАЛЕРИЈА: Победа ита кон опстанокот…., преку Шкендија!

Прилепска Победа си запиша нови значајни три бода во трката по опстанок, и тоа против никој друг но новиот македонскиот шампион Шкендија.

Победа славеше во Струмица со 2-1 во 31. коло против тетовци, па со добра предност во однос на последните две екипи Пелистер и Скопје сега ќе ја очекува завршницата.

На почетокот од мечот на стадионот „Младост“ во Струмица прилепчани со подароци и честитаа на Шкендија за освоената титула, па на крајот го заокружија мечот и со своја радост за значајниот триумф…

 

Се вчитува...