ФОТОГАЛЕРИЈА: Под „лупата“ на Милевски се селектира новата генерација

Младата репрезентација на Македонија, онаа која од септември го стартува новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Италија, го одработи денеска последниот тренинг пред утрешниот тест дуел од 14 часот против соодветната селекција на Црна Гора.

Селекторот Благоја Милевски ја селектира новата генерација која ја очекува и тоа како тешка задача наредните години, носена и под товарот на извонредниот успех на своите претходници кои обезбедија место на Европското првенство во Полска. Милевски, како што самиот потенцираше, Црна Гора е еден од последните филтри околу изборот на репрезентативците кои ќе настапуваат во следниот квалификациски циклус…

[new_royalslider id=”549″]

Се вчитува...