ФОТОГАЛЕРИЈА: Поддршка и од Мукаетов, Антиќ, Војновиќ, Тодоров… за кошаркарите!

Македонските кошаркари со три победи го освоија „Трофеј Македонија“ пред селекциите на БиХ, Португалија и Холандија.

Вечерва избраниците на Јорданчо Давитков имаа поддршка од трибините во „Борис Трајковски“ и од бројни домашни спортски работници. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов беше во друштво на легендата на македонската кошарка Ѓорѓе Војновиќ како и новиот тренер на МЗТ Скопје, Александар Тодоров… На трибините и Перо Антиќ со импулс плус за репрезентативците, кои запишаа победи на сите три натпревари.

На крајот и очекувано насмевки во предиграта на тоа што не очекува во квалификациите…

[new_royalslider id=”721″]

Се вчитува...