Само едно невнимание и пресуди на Шкендија за минимален пораз од 1-0 на гостувањето против Дрита во Приштина во четвртиот натпревар од Конференциската лига на УЕФА.
Дуелот очекувано мина во „тврд фудбал“ од двете страни, со мал број шанси за гол, а како пресудна се покажа 20. минута во која Дрита стигна до погодокот, што на крајот се покажа и победнички. По една нафрлена топка од триесетина метри дефанзивците на Шкендија не се снајдоа најдобро, а Малај го казни тоа сместувајќи ја топката во мрежата.
Сега за македонскиот шампион, остануваат следните натпревари во обидот за нови бодови и битка за место во елиминациската фаза на третото по квалитет европско клупско натпреварување….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





































