Фотогалерија: ТФТ покажа – не е се така црно во мак-баксетот

ТФТ испишува клупска историја, но воедно и ја вади македонската кошарка од сивилото во кое се наоѓа со години и години наназад.

Спортот во кој шампионот две години не стигнува до нокаут фазата во АБА2, а за репрезентацијата се радуваме што мина претквалификации, конечно понуди задоволство и среќни моменти на навивачите.

„Градски парк“, реновиран и полн, со кошаркарски легенди на трибините, со перфектна атмосфера и без ниту еден инцидент. А на теренот, шоу на македонскиот тим кој одигра перфектно прво полувреме, трасирајќи си го патот кон историското прво финале, па сега само една пречка (Широки Бријег) ги дели до остварувањето на големиот сон – влез во АБА1 лигата.

ТФТ покажа – не е се така црно во мак-баскетот. Ако се знае како да се работи.

Се вчитува...