ФОТОГАЛЕРИЈА: „Црвената машинерија“ под полна пареа во Полска!

На само три дена пред првиот натпревар на Европското првенство во Полска, младата репрезентација на Македонија под полна пареа ги одработува подготовките во Гдиња под палката на Благоја Милевски.

Очигледно е дека владее максимално позитивното расположение меѓу младите репрезентативци на секој од тренинзите на северот од Полска. Така е и денеска. Полни оптимизам дека ова е само нова можност за уште една потврда на сопствениот потенцијал…

„Со респект за сите противници, но без страв од никого. Ние имаме свои квалитети кои се наши водачи до зацртаните цели. И не отстапуваме од тоа“ – е мотото под кое деновиве на тренинг центарот во спортскиот комплекс во Гдиња работат македонските репрезентативци.

[new_royalslider id=”686″]

Се вчитува...