Фотогалерија: Вртиме нов лист – одбраната на ниво, головите ќе дојдат….

Македонија ремизираше 0-0 на гостувањето против БиХ, во првиот од двата пријателски натпревари што нашата репрезентација ќе ги одигра во овој ФИФА прозорец.

Целта е исполнета – солиден меч во кој видовме на дело поголем број на играчи во националниот тим, неколку дебитанти, кои имаа можност да опчувствуваат што значи да се носи репрезентативниот дрес.

Играта можеше да биде подобра, но и противникот дефинитивно поседува квалитет, па затоа на ремито во Сараево никако не може да се гледа како на неуспех.

Напротив, како на вртење на нов лист и посветла иднина за нашиот репрезентативен фудбал…

Се вчитува...