Фудбалерите на Фрајбург продолжуваат со фантастичните игри сезонава и повторно покажаа дека не им е проблем да победуваат и кога имаат играч помалку на теренот.
Фрајбург со 2:1 го совлада Шалке во петтото коло во Бундеслигата и се искачи на лидерската позиција на табелата со 13 бодови (14:4 гол разлика), колку што има и Борусија Дортмунд која има послаба гол-разлика (11:4).
Херој на Фрајбург беше Јапонецот Кеисуке Гото кој влезе во игра во второто полувреме, и го постигна голот за триумф во 85-та минута.
Во 65-та минута, Фрајбург остана со играч помалку по исклучувањето на Сузуки, но и покрај тоа најде начин да победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
