Екипите на Фрајбург и на Шахтјор успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето од европските купови, откако вечерва стигнаа до посакувани резултатите во реваншите од четвртфиналните пресметки.
Фрајбург е во Топ 4 од Лигата на Европа откако германскиот клуб и во реваншот беше подобар од Селта, славејќи со 1-3. Германците имаа и 3-0 од првиот меч, а потоа пласманот во полуфиналето го запечатија со одличното прво полувреме во кое во Виго поведоа со 0-2 со головите на Матановиќ и на Сузуки. Јапонецот Сузуки во второто полувреме го постигна и својот втор гол на мечот, а конечните 1-2 во судиското продолжение ги постави Свенберг.
Шахтјор се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига елиминирајќи го АЗ Алкмар, украинскиот тим славеше со убедливи 5-2 на првиот дуел, а денешниот реванш заврши без победник, 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
