Фрајбург за првпат во историјата во финале на Купот на Германија

Екипата на Фрајбург се пласираше во финалето на Купот на Германија, и за првпат во историјата оваа екипа ќе се бори за трофејот во ова натпреварување. Фрајбург си обезбеди место во финален натпревар благодарение на победата над Хамбургер со 1-3 на гости.

Учеството во финалето Фрајбург го обезбеди во првите 35 минути, кога поведе со 0-3. Првиот гол за гостите го постигна Петерсен во 11. минута, за Хофлер во 17. минута да зголеми на 0-2. Грифо од пенал во 35. минута зголеми на 0-3.

Во вториот дел Глацел само успеа да намали и да постигне почесен гол за Хамбургер.

Се вчитува...