Франција остана без Погба и без Марсијал, повикани Лаказет и Сисоко

Светскиот првак Франција ќе биде без услугите на двајцата фудбалери на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Антони Марсијал, за претстојните репрезентативни активности. „Триколорите“ на 16 ноември ќе играат против селекцијата на Холандија во Лигата на нации, а четири дена подоцна имаат закажана пријателска средба и со репрезентацијата на Уругвај.

„Погба и Марсијал овојпат нема да бидат со нас поради повреди. Им посакуваме брзо опоравување. На нивно место упатив повик за Александре Лаказет и за Муса Сисоко“, изјави селекторот Дидие Дешамп.

Пол Погба заработи повреда на левиот бутен мускул на мечот против Јувентус во Торино и ја пропушти градската пресметка со Манчестер сити, додека Антони Марсијал токму на дуелот со „граѓаните“ ја повреди задната ложа.

Се вчитува...