Франција останува перфектна, Данска ја шокираше Норвешка

Франција останува единствена перфектна репрезентација на Европското првенство откако и во последното коло од главната фаза во групата 2 славеше над Шпанија со убедливи 36-23.

Французинките сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 17-9. Клои Валентан со шест гола беше прво име кај Французинките, додека кај Шпанките Коста Кампос заврши со пет.

Во полуфиналето ќе имаме вистински спектакл бидејќи во групата 1 во скандинавското дерби Данска ја совлада Норвешка со 29-31 и со тоа ги испрати Норвежанките на мегдан на Франција во полуфиналето во Љубљана, а Данките таму ќе играат против Црна Гора. Најдобар поединец кај победникот беше Ане Мете Хансен со седум гола, додека кај поразените недовлни беа осумте погодоци на Нора Мерк.

Се вчитува...