Француските фудбалски купови суспендирани до декември

Натпреварувањата во машкиот и женскиот фудбалски француски куп се суспендирани до 1. декември поради големиот број на позитивни и смртни случаи во земјата. Француската фудбалска федерација исто така го стопираше и целиот аматерски фудбал.

Претседателот, Емануел Макрон најави национална блокада барем до крајот на ноември. Првите три ранга во машкиот фудбал Лига 1, Лига 2 и Националната лига, како и елитната женска лига, имаат дозвола за продолжување на сезоната. Исто така може да се одигруваат и меѓународни натпревари.

Упатства од Владта чекаат и кошаркарите и ракометарите, кои ги одложија сите натпревари викендов, а во слична позиција се и другите спортови. Засега одлука на министерството е дека врвниот спорт може да продолжи, но зад затворени врати.

Се вчитува...