Французинките редат победи: Ја совладаа и Германија за полуфинале на ЕП

Француската женска репрезентација останува со максимален учинок на ЕП во кое коорганизатор е и Скопје. Во натпреварот одигран во „Борис Трајковски“, Французинките вечерва ја совладаа и Германија, и така го потврдија пласманот во полуфиналето на турнирот.

Франција во текот на целиот меч ја имаше контрола и на мечот, и на резултатот, а своите најдобри минути ги имаше во финишот, кога се стекна со највисоката разлика од +8, разлика со која заврши натпреварот 29-21.

Канор со пет гола кај „триколорите“ беше најефикасна, додека кај Германките Гријселс постигна седум.

Се вчитува...