Французите им го расипаа славјето на Албанците за отворањето на новиот грандиозен стадион во Тирана (ФОТО)

Репрезентацијата на Франција славеше со 0-2 на гостувањето против Албанија со 0-2 во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, на тој начин барем малку расипувајќи го славјето на Албанците на отворањето на новиот грандиозен стадион во Тирана, „Ер Албанија“, кој е со капацитет од 25.000 седишта.

Французите славеа со головите на Толисо во 9. минута и на Гризман во 30. минута.

Во оваа група и Турција, која со Франција е вторит патник на ЕП 2020, славеше лесно со 0-2 на гостувањето против Андора.

Исланд, пак, со 1-2 ја победи Молдавија на гостински терен.

Се вчитува...