Организаторите на Ролан Гарос се огласија истакнувајќи дека не може да има казна за Ѓоковиќ, и покрај тоа што тоа некои го бараа, затоа што во АТП правилникот за организација на Гранслем турнири нема ништо околу тоа што и како смеат и не смеат да кажуваат тенисерите. Но, затоа не издржа министерката за спорт на Франција, Амели Удеа-Кастера, која му „додели“ опомена на Ѓоковиќ
„Кога се работи за одбраната на човековите права и за пораки кои ги зближуваат општите вредности, еден спортист е слободен да каже што сака и да испрати порака. Но, пораката што ја испрати Ѓоковиќ беше милитантна и многу политичка. Тоа не смее да го повтори“ – изјави француската министерка.
Денешниот меч на Ѓоковиќ е последен на програмата на централниот терен во тенискиот комплекс во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА