Французите уапсија тинејџер – планирал да го киднапира Мбапе

Француската полиција почна истрага против 18-годишниот Клемен К., осомничен дека организирал низа напади низ целата држава, воедно и планирал киднапирање на познати лица од францускиот јавен живот, листа на која на врвот се наоѓа Килијан Мбапе.

Информацијата прв ја објави весникот „Le Parisien“, откривајќи дека тинејџерот имал листа од дури 26 личности што планира д аги нападне или да ги киднапира. На врвот бил Мбапе, а покрај асот на Реал Мадрид тука се наоѓале и други фудбалери, рапери, богати бизнисмени…

Клемен и уште едно лице се осомничени за организиран грабеж во Нантер на 21 август, а по претресот на неговиот дом биле најдени овие загрижувачки докази.

По нив, истрагата сега е проширена, 18-годишникот е задржан во притвор, а дополнително ќе биде обелоденето какво обвинение ќе биде покренато против него.

Се вчитува...