Французите згрозени од односот на Мбапе кон Н’голо Канте: „Арогантно ѓубре…“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, но има сè помалку фанови кои го поддржуваат.

Французинот успеа да привлече огромен број фанатици против себе. Долго време е омразена фигура во Париз, не е омилен ниту во Мадрид, каде што често е испраќан со свирежи, а арогантниот егоист се потруди да ги изгуби дури и малкуте навивачи кои го поддржуваат.

Она што му го направи на Н’Гола Канте пред натпреварот против Брегот на Слоновата Коска е навистина ужасно. Легендарниот играч од средниот ред ги поздрави играчите кои требаше да истрчаат на теренот од првата минута, но Мбапе го игнорираше.

Килијан ја држеше главата високо, свесно игнорирајќи го Канте, кој само помина покрај него.

Мбапе претходно веќе го навреди својот легендарен соиграч. Вака се однесуваше со Канте, инсистрајќи да ја симне капитенската лента и да му ја подаде.

Коментарите на социјалните мрежи кон Килијан се брутални. Никој повеќе не може да го поднесе и навивачите не го кријат тоа.

„Арогантно ѓубре“, е една од навредите кон Мбапе, а следат други, жестоки коментари. Многумина велат дека тој ќе биде причина за францускиот очај на СП 2026.

„Тоа ќе биде причина за лошиот резултат на Франција – Килијан Мбапе.“

Однесувањето на француската ѕвезда е навистина срамно. За разлика од Н’Голо Канте кој е познат како многу срамежлив и резервиран човек. Никогаш не се истакнувал во јавноста и е сакан од сите.

Се вчитува...