Фримпонг ќе паузира шест недели

Десниот бек на Ливерпул, Џереми Фримпонг ќе отсуствува еден и пол месец поради повреда. Тоа е дополнителен удар за Ливерпул, кој се соочува со резултатска криза, и има само една победа и пет порази во последните шест натпревари. 
Холанѓанецот заработи повреда на тетивата во победата од 5-1 над Ајнтрахт во Франкфурт во Лигата на шампионите. Сега англиските медиуми јавуваат дека бекот ќе паузира шест недели, односно би можел да се врати некаде кон крајот на годината.
Фримпонг дојде од Баер Леверкузен на почетокот на сезоната како замена за Трент-Александар Арнолд. „Црвените“ го платија 35 милиони евра.

Се вчитува...