ФСС ја исфрли Колубара од Суперлигата поради местење натпревари

Фудбалскиот сојуз на Србија, по пријава од УЕФА, денеска по одземање на бодови всушност го исфрли тимот на Колубара од Лазаревац од Суперлигата поради местење натпревари.

ФСС, покрај тоа, изрече казни и за уште два суперлигаши, Спартак од Суботица и Младост ГАТ, додека истрагата за натпреварот меѓу Нови Сад и Раднички од Нов Белград во Првата лига на Србија е прекината поради недостиг на докази.

На Колубара и се одземени бодови по што сега е на последното место во лигата за опстанок на едно коло до крајот на сезоната и директно ја напушти елитата.

Како што информираат од ФСС, казните се поради нерегуларностите на натпреварите ФК Младост ГАТ – ФК Колубара, ФК Колубара – ФК Спартак и РФК Нови Сад – ФК Раднички НБ. Колубара од Лазаревац е казнета со одземање 9 бода, додека Спартак Суботица и Младост ГАТ Нови Сад се казнети со три милиони динари.

Се вчитува...