Фудбал пред профит – Вилјареал со одличен гест за полуфиналето од ЛШ

Вилјареал се пласираше во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако го елиминираше Баерн Минхен од најсилното фудбалско натпреварување. За место во финалето шпанскиот тим ќе се бори против Ливерпул, а и покрај тоа што станува збор за суператрактивен натпревар против суператрактивен противник, раководството на „жолтата подморница“ се одлучи во прв план да ги стави навивачите.

Имено, клубот се одлучи да наплаќа само 20 евра за карта за оние кои имаат сезонски билет и само 10 евра за луѓето под 25 години. Одличниот гест на Вилјареал наиде на позитивни реакции во јавноста со што фудбалот беше ставен пред профитот.

Се вчитува...