Фудбал со германско темпо: Димитриевски извонреден на голот, Македонија има 0-0 на полувремето

Македонската репрезентација има 0-0 по првото полувреме на дуелот против моќната Германија во 8. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022. Низ фудбал со крајно динамично темпо Германците доминираат, Столе Димитриевски е одличен на голот кој не спасува во првиот дел а Елмас ја имаше најдобрата шанса за погодок за Македонија.

Германија ја презеде иницијативата од самиот старт на мечот, но низ првите 15 минути од играта еднаков број полуможности на двете страни. Николов во 8. минута имаше обид од свртување од 15 метри но непрецизно, а за малку непрецизен беше и обидот на Дарко Велковски со глава по корнерот на Елмас во 15. минута.

Клучниот момент во првиот дел, сепак, беше повредата на Аријан Адеми во 22. минута. Еден од најдобрите македонски фудбалери беше повреден при дуел со Хаверц, по што за жал мораше да ја напушти играта.

Во 25. минута одличен обид имаше Гнабри од 18 метри, но Димитриевски извонредно одбрани. По корнерот и Вернер се најде во одлична шанса, но Димитриевски повторно брани на самата гол-линија.

Веќе во следните секунди одлична акција на македонската репрезентација. Јаховиќ од лево го пронајде Елмас на вториот дирек, но неговиот шут од околу 15 метри Нојер го брани.

Тимо Вернер во 32. минута имаше одлична шанса, но извонредниот Столе Димитриевски со нова одбрана не дозволи погодок за гостите. Во супер-динамичен фудбал и Елмас на спротивната страна има убав обид од 15 метри, но блокиран неговиот шут.

Во втората минута од судиското продолжение Тимо Вернер ја имаше најголемата шанса за Германија но дирекот го спаси голот на Македонија за 0-0 по првите 45 минути.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – ГРУПА Ј (8. коло)
МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА (0-0)
Национална арена „Тодор Проески“. Главен судија: Дани Меккели.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Адеми (29′ Спировски), Николов, Костадинов, Елмас, Чурлинов, Јаховиќ
Селектор: Благоја Милевски
ГЕРМАНИЈА: Нојер, Клостерман, Суле, Керер, Раум, Горецка, Кимих, Гнабри, Милер, Хаверц, Вернер
Селектор: Ханси Флик

Се вчитува...