Фудбалер бил на 15-ти спрат за време на земјотресот: „Мислев дека ќе умрам“

Разорните земјотреси од 7,7 и 7,8 степени според Рихтер, засега однесоа повеќе од 17 илјади животи во Турција и во Сирија, а многумина се останати под урнатините. Своите трауми ги откри и норвешкиот фудбалер Фредрик Гулбрандсен кој игра за Аданаспор. Адана се наоѓа во близина на Газиантеп, а градот претрпе многу штета. Во моментот на потресот, Норвежанецот спиел на 15. кат на висококатница во Адана.

Тој не отпатува со екипата во Истанбул, каде што требаше да игра натпревар со Урманијеспор, но истиот потоа беше одложен.

„Во шок сум, не можам да опишам каков страв доживеав кога почна потресот. Живеам на 15-ти кат во Адана, и тоа е последниот спрат од зградата. Бев сигурен дека ќе умрам колку се тресеше се. Лазев по подот и само се подготвував зградата да се сруши. Пробав да се сокријам некако, но сфаќате дека нема надеж ако зградата се сруши. Уште не можам да верувам како таа висококатница издржа и не се сруши. Се се тресеше силно, како на брод сред бура. Кога малку се смири се, веднаш излегов надвор. Видов дека и другите луѓе бегаат од своите станови. Среќен сум што вереницата не беше со мене таа ноќ и што не мораше да минува низ овој страв“, рече Гулбрандсен.

Се вчитува...