Фудбалер на Ајнтрахт го постигна голот на сезоната во Германија (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт одигра без победник 1-1 против Борусија Менхенгладбах во 33. коло од германскта Бундеслига. Гостите брзо стигнаа до водство од 0-1 уште во четвртата минута, додека конечните 1-1 ги постави Пациенциа во 66. минута.

Токму Пациенција го постигна и голот на сезоната во Германија, откако упати една бомба од некои 30 метри која заврши во голот на противникот. Ајнтрахт пласман во Лигата на шампионите сезонава ќе брка преку Лигата на Европа каде во финалето ќе игра против Ренџерс.

 

 

 

Се вчитува...