Шведската јавност е во шок по одлуката на тренерот Греам Потер да го изостави младиот фудбалер Рони Барџи од составот за Светското првенство 2026.
Неколку дена по соопштувањето на списокот, во јавноста се појавија и причините за одлуката, кои немаат никаква врска со неговите игри на теренот.
Според шведскиот весник „Афтонбладет“, 20-годишниот напаѓач на Барселона не бил отпишан поради неговата форма или квалитет, туку поради неговото однесување кое, како што се наведува, ја нарушило атмосферата во шведската репрезентација.
Уште во март, Барџи беше дел од националниот тим, но тогаш не доби ниту една минута на теренот. По состанокот, тој побарал објаснување од стручниот штаб, од каде добил одговор дека одлуката е чисто од тактичка природа. Сепак, ситуацијата ескалираше откако Шведска се квалификуваше за Светското првенство.
За време на гала вечерата организирана по големиот успех на репрезентацијата, Барџи наводно бил видно незадоволен и лут и покрај прославата на остатокот од тимот.
Според тврдењата на „Афтонбладет“, токму овој детаљ го натерал селекторот Греам Потер да одлучи да го отстрани од списокот на патници за Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
