Фудбалер на Динамо ја одбра репрезентацијата на Хрватска пред родената Австрија

Соиграчот на Аријан Адеми и на Стефан Ристовски во Динамо, Роберт Љубичиќ, се одлучи во иднина да настапува за националниот тим на Хрватска. Љубичиќ е роден 1999 година во Виена, и цел живот минал во австриските клубови, пред летово да се пресели во Загреб, во таборот на Динамо. Тој инаку настапуваше за младите селекции и на Хрватска, и на Австрија, а сега сениорската кариера се реши да ја гради во дресот на „коцкестите“.

Љубичиќ е инаку играч од средниот ред, но во Динамо игра како офанзивен лев бек. Љубичиќ настапуваше во младинските тимови на Рапид Виена, Виенер Шпорклуб, Сент Полтен, а потоа во сениорскиот тим на Сент Полтен, па во Рапид. Летово се пресели во Динамо Загреб, а пред неколку месеци најави дека би му било драго да добие повик од хрватската репрезентација.

Се вчитува...