Фудбалер на Реал ограбен на одмор на Ибица

Фудбалерот на Реал Мадрид, Франциско Валверде бил на одмор на Ибица заедно со својата девојка Мина Бонино, но наместо совршено летување се претворило во кошмар.

Девојката на фудбалерот кажа дека биле ограбени, и дека го сомничи готвачот.

„Кога дојдовме во куќата, готвачот беше веќе таму. Ни рече дека во моментот има само еден клуб и дека ќе го задржи за да може наутро да дојде и да ни направи доручек, да не ни пречи. Следното утро не можев да станам од креветот, ми се вртеше и повраќав. Еден час подоцна успеав да станам и да се спуштам на приземје. Куферите ни беа претурани. Во бунилото најдов паричник, но истиот беше поразен. Ни беа украдени 10.000 евра. Тогаш се појави готвачот и рече дека се било така кога тој пристигнал во куќата“, рече Мина. 

Готвачот потоа исчезнал, а девојката кажала дека таа и Ернесто заминале на тестирање на опиуми во болница, затоа што се сомневале дека готвачот им подметнал нешто во храната, а истото го претпоставиле и во агенцијата. Сепак, на психоактивни супстанци биле негативни.

Се вчитува...