Раул Асенсио повторно се соочи со проблеми со законот откако фудбалерот на Реал Мадрид беше уапсен како вози автомобил во алкохолизирана состојба.
Тој бил фатен од полицијата кон средината на месец август, а шпанските медиуми информираат дека Асенсио имал неверојатни 1,9 промили алкохол во крвта, по што бил приведен и дури откако се отрезнил и по поднесување на пријава од полицијата бил пуштен на слобода.
Очекувано, судијата го прогласил 23-годишниот фудбалер за виновен, возачката дозвола му е одземена за наредните осум месеци, а изречена му е и парична казна од 14.400 евра.
Асенсио има уште еден, уште посериозен проблем со законот откако против него уште пред извесно време е покрената постапка за ширење на детска порнографија. Тој пред три години со уште тројца фудбалери од младинската школа на Реал Мадрид бил во сексуален однос со најмалку две малолетни девојки. Сето тоа било снимано од страна на фудбалерите, по што фотографиите и видеата преку „ВатсАп“ вирално беа раширени во јавноста.
Обвинителството бара Асенсио и тројцата пријатели да добијат затворски казни од по 4 години и 7 месеци, но конечниот збор ќе го има судот.
Во една таква ситуација на хаос во приватниот живот, јасно е зошто Жозе Мурињо го игнорира Асенсио и младиот дефанзивец воопшто не е дел од плановите на португалскиот стратег за оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
