Фудбалер на Ц. Звезда ќе мора да докажува како се родил четири години после смртта на својата мајка?

Голем скандал го тресе српскиот фудбал, откако фудбалерот на Црвена Звезда Гуелор Канга е под истрага од африканската фудбалска федерација. Фудбалерот од Габон се нашол во необична ситуација, да треба да го докажува точниот број на години, а постојат докази дека ги лажирал.

Канга според документите е роден во 1990 година во Габон, но во документите стои дека неговата мајка починала четири години порано, односно во 1986 година!? Поради тоа има многу нелогичности зад името на овој играч.

Исто така во обвинението стои дека играчот воопшто не е роден во Габон, туку во Демократска Република Конго под името Киаку-Киаку Кианга. Според моменталните документи, Канга е пет години помлад отколку што навистина е, односно дека нема 32, туку 37 години.

Истрагата започнала пред две години, а Канга веќе одговорал на обвинувањата. Пред двве години процесот е прекинат, а повторното повикување на разговор може да значи дека играчот е во проблеми.

Канга покрај Звезда, настапуваше и за Ростов, Спарта Прага, и повторно се врати во Звезда.

Се вчитува...