Фудбалерите до 15 години и вторпат поразени од Србија

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години доживеа втор убедлив пораз од врсниците од Србија во рок од само два дена.

По 1-4 во првиот пријателски дуел, денеска на домашен терен во Скопје нашите младите фудбалери беа совладани со 0-4. За разлика од првиот меч каде Македонија успеа барем да постигне еден гол и да покаже одреден отпор, овојпат српската селекција доминираше од првиот до последниот судиски свиреж.

Нашите момчиња не успеаја ниту еднаш сериозно да го загрозат голот на гостите, додека Србија со брзи и прецизни акции четирипати ја затресе мрежата на нашиот голман.

Се вчитува...