Фудбалерите до 19 години и вторпат ја совладаа Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја победи Бугарија со 3-2 вториот пријателски натпревар што се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Младите македонски фудбалери поведоа со 2-0 со головите на Никола Богдановски во 11. минута и на Бојан Миовски во 17. минута, но Бугарија возврати со двата гола до крајот на првото полувреме што ги постигна Атанас Кабов.

Човек на одлука, како и на првиот меч беше Јани Атанасов. Нашиот млад репрезентативец го постигна голот за 3-2 во 61. минута, а потоа му недостасуваше малку повеќе среќа истиот играч да се радува на ретко атрактивен погодок кога од 60 метри упати удар кон противничкиот гол, бугарскиот чувар на мрежата беше совладан, но топката за неколку сантиметри мина крај голот.

Се вчитува...